Кариера

Мислите дека сте спремни да бидете дел од нашиот тим? Сакате да работите на проекти и да бидете дел од нашиот тим? Ако сметате дека можете да работите со професионален тим, аплицирајте за отворените позиции!

ДИПЛ.МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР-НАСОКА ЕНЕРГЕТИКА

Струмица Македонија

АГ КОНСАЛТИНГ ВРАБОТУВА ДИПЛ.МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР-НАСОКА ЕНЕРГЕТИКА Фокусот ќе биде на изнаоѓање на ефикасни, чисти и иновативни начини за снабдување на енергија. Можете да работите во различни улоги, вклучувајќи: -дизајнирање и тестирање на машини развивање на начини за подобрување на постојните процеси -конвертирање, пренесување и снабдување со корисна енергија за задоволување на потребите за електрична енергија -истражување и развој на начини за генерирање на нова енергија и минимизирање на штетата врз животната средина.

Потребни вештини и знаења::
  • дизајнирање, развивање и изградба на технологии за обновлива енергија
  • комбинирање на производство на обновлива енергија со постојните електроенергетски системи
  • дизајн и избор на опрема
  • користење на математички и компјутерски модели за да ги завршите пресметките за дизајн и спецификација
  • познавање на законодавството и еколошките стандарди
  • развивање на техничка експертиза во сите прашања поврзани со енергетската контрола и контрола на животната средина.
  • поврзување и преговари со специјализирани изведувачи, геолози и други релевантни организации
Сите заинтересирани, може да ни пратат е-маил со атачирано CV на info@ag-consalting.com.mk.

Администратор во одделот за администрација и логистика

Струмица Македонија

АГ КОНСАЛТИНГ има потреба од Администратор кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделите за Администрација и Логистика - оддели одговорни за планирање и организација на проекти низ Европа, па и Македонија, организирање на логистика на персонал, секојдневни административни и логистички активности, подготовка на документација

Потребни квалификации:
  • Високо образование
  • Одличен англиски јазик (говорен и пишан),
  • Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
Како предност ќе се сметаат:
  • Работното искуство во областа на администрација и логистика
  • Интернационална комуникација
Сите заинтересирани, може да ни пратат е-маил со атачирано CV на info@ag-consalting.com.mk.

Придружете се на нашиот тим
и работете на успешната приказна со нас